Новости

Прилеп инфо

Џудо федерацијата на Македонија: Згрозени сме и изненадени од веста за поранешниот тренер во Прилеп

Вчера се појавија информации за кривична пријава кон еден поранешен тренер по џудо затоа што злоставувал малолетнички, па со соопштение се јави Џудо федерацијата на Македонија.

Тие се изненадени од веста и ќе помогнат доколку има таква потреба од надлежните институции.

-Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт.

GOLD
To Top