Новости

Прилеп инфо

10 нови заболени во Прилеп и 66 – годишен маж почина од Ковид 19

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 14-ти април

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во општина Прилеп;
Регистрирани се 10 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 84;
Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 15 лица. Од нив, 12 се позитивни на коронавирус, од кои две лица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Сите тројца се со средна клиничка слика.

Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

GOLD
To Top