Новости

Прилеп инфо

11 новозаболени лица во Прилеп, 6 оздравеле и едно лице починато

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 30-ти септември:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 11 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест;

Бројот на активни случаи изнесува 129, од кои 99 се наоѓаат на домашно, а 30 на болничко лекување;

Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 80-годишна возраст;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 253 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 684.

GOLD
To Top