Новости

Прилеп инфо

15 новозаболени лица во Прилеп, 7 оздравеле

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 18-ти септември:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 7 лица;

Бројот на активни случаи изнесува 125, од кои 104 се наоѓаат на домашно, а 21 на болничко лекување;

Од последици на коронавирусот, починаа две лица на возраст од 62 и 83 години;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 177 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 596.

GOLD
To Top