Новости

Прилеп инфо

15 новозаболени лица во Прилеп, 8 оздравеле

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 23 септември:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 8 лица;

Бројот на активни случаи изнесува 127, од кои 104 се наоѓаат на домашно, а 23 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 240 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 640.

GOLD
To Top