Новости

Прилеп инфо

23 нови случаи на Ковид – 19 во Прилеп, 15 оздравеле – активни 327 случаи

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник, 26-ти октомври:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 23 нови случаи на коронавирус, а 15 лица оздравеле од заразната болест;

Бројот на активни случаи изнесува 327, од кои 288 се наоѓаат на домашно, а 39 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 612 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1114.

Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 52 лица.

GOLD
To Top