Новости

Прилеп инфо

29 – годишна прилепчанка со тешки телесни повреди откако автомобил удрил во неа

На 12.03.2019 во 19.20 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(54) од Прилеп, удрило во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп. К.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top