4 нови лица од Корона вирус во Прилеп

Денеска во општина Прилеп се регистрирани 4 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот, со што вкупниот број се искачи на 50.
Во самоизолација се наоѓаат 159 лица.
Изминатата ноќ едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.
На земјоделците од општина Прилеп кои имаа пријавено штети настанати од невремето во 2018 и 2019 година, Општина Прилеп денеска им ги исплати предвидените средства.
На 1.444 лица, исплатени им се вкупно 39 милиони денари.
Сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба на Општина Прилеп, за време на забраната на движење во Прилеп во сабота и недела, 11 и 12 април.
Дежурни маркети:
„ФУТУРА“………………………..тел:075 395 408
„СТИБЕРА“………………………тел:076 741 572
„ИРНЕКС“………………………..тел:075 308 683
„ТИНЕКС“………………………..тел:071 275 684
„БОНИТА“……………………….тел:070 353 609
„ЏИМИ МАРКЕТ“……………..тел:076 790 772
„МЕГА МАРКЕТ ПАТА“…….тел:070 259 199
Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.
Дежурна аптека:
„Каракаш 2“…………………….тел:072 573 175
Работното време на аптеката е 24 часа
Волонтерска служба на Општина Прилеп:
Контакт телефони: 048 401 700 и 0800 00 210
Во деновите од викендот, сабота и недела, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства.
