Новости

Прилеп инфо

4 новозаболени лица во Прилеп, 15 лица оздравеле

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник, 20-ти октомври:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 4 нови случаи на коронавирус, а 15 лица оздравеле од заразната болест;

Бројот на активни случаи изнесува 215, од кои 180 се наоѓаат на домашно, а 35 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 626 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 935.

GOLD
To Top