Новости

Прилеп инфо

46 – годишен моторџија од Прилеп паднал од мотор и со тешки повреди е пренесен во болница

На 20.08.2019 во 12.55 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево, Е.Р.(46) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Фости“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top