Новости

Прилеп инфо

8 новозаболени лица во Прилеп од Ковид 19, едно лице почина

Регистрирани се 8 нови случаи на инфицирани со коронавирус.

Еден од пациентите кои се наоѓаат на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, утринава почина. Станува збор за повозрасен маж.

На Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ во моментов се наоѓаат 7 лица, од кои 5 се со позитивен наод, а на две лица им е земен брис и се чекаат резултати. Сите 7 лица се со средна клиничка слика.

Во самоизолација се наоѓаат 264 лица. Во текот на ноќта и денешниот ден, не се забележани случаи на непочитување на на полицискиот час и на самоизолацијата.

GOLD
To Top