Новости

Прилеп инфо

(Видео) Непознато лице со кацига и со закана одзел пари од обложувалница во Прилеп

На 26 јули 2019 година во обложувалница на улица „Моша Пијаде“ бр.119 во Прилеп беше извршена кражба на парични средства. Сторителот веќе неколку дена го посетувал објектот, бил таму на 20, 21 и 24 овој месец, но притоа немал храброст да го изврши делото, како што всушност покажува и снимката од видео-надзорот во објектот.

Додека го посетувал објектот тој носел кацига на главата, а до местото на настанот доаѓал со велосипед.

За настанот информираше и СВР Битола под чија надлежност е ПС Прилеп, а во информацијата стои дека на 26 јули во Прилеп на улицата „Моша Пијаде“ во обложувалница едно лице со закана одзело пари и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку некој има некоја информација или го препознава сторителот на делото може да се обрати во ПС Прилеп. Случката може да ја погледнете во видеото.

GOLD
To Top