Новости

Регион

Адреналинскиот When in Krusevo настан продолжува и оваа година

Третото летно издание на outdoor фестивалот When in Krusevo ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019, на веќе добро познатата локација на Крушевското езеро.

После успешната овогодинешна организација на првиот зимски „When in Krusevo – Winter is Here!”, со нетрпение го очекуваме новиот и трет по ред When in Krusevo 2019! И ова лето рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да уживаат прекрасен викенд во Крушево, исполнет со низа спортски и рекреативни активности, како и неизбежната луда забава.

И оваа година фестивалот вклучува рекреативна (10 км) и долга (20 км) планинарска тура, планински велосипедизам низ прекрасната крушевска природа (мала 20 км и голема 40 км тура), тандем параглајдинг, кајак и SUP на Крушевското езеро и уште неколку други спортски активности. Во рамките на забавниот дел предвидени се рок и DJ журки каде ќе настапат нашите добро познати и редовни гости The Hounds, крушевските рокери Invictus, лудото jungle & reggae дуо Natty Fiyah SS, реномираниот DJ Todoroff и легендарниот, секогаш максимално расположениот и позитивен наш DJ Бапчу!

Кампот ќе биде поставен непосредно до Крушевското езеро, каде ќе уживате во свежите вечерни часови и прекрасните сончеви утра.

Цената на фестивалскиот пакет е 500 денари во кој се вклучени уникатна маичка од фестивалот со нова оригинална илустрација на добро познатиот македонски артист ТхеМичо, место за кампување, организирани планинарски тури со обезбедени водичи, организирани велосипедски тури, влезници во крушевските музеи и други подароци од останатите спонзори.

Со приложување на билетот, учесниците имаат можност и да добијат одличен попуст за сместување во хотелите – поддржувачи на настанот,  објавени на официјалната веб страната на фестивалот: www.winter.wheninkrusevo.mk. Исто така, со фестивалскиот билет обезбеден е попуст од 50% за тандем параглајдинг со долгогодишни искусни летачи.

Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets (www.mktickets.mk) и платформата за outdoor активности When in X (www.wheninx.com).

Крушево и другарите од Outdoor Manifest ве очекуваат!

GOLD
To Top