Новости

Регион

Активен пожарот во село Брник, Новаци

Пожарот кој започна на ден 28.08.2019 година во с.Брник, општина Новаци е сеуште активен. Интервенираат вработени во ЈП „Национални Шуми Кајмакчалан“ Битола и лица од доброволното противпожарно друштво „Авакота“ Новаци. Во моментов пожарот се движи во три насоки – спрема с.Маково, с.Грумази и с.Брник. Теренот е претежно непристапен, а гори сува трева и нискостеблеста деградирана дабова и букова шума. Опожарена е површина од околу 90 Ха.

GOLD
To Top