Новости

Регион

Активни неколку пожари во регионот

Според информациите на Центарот за управување со кризи, состојбата во битолскиот регион до 8 часот утрово е следна:

На ден 26.10.2019 година, околу 11:00 часот, започнат е шумски пожар кој го опфаќа потегот на манастирот Св.Преображение кон селата Арилево и Горно Дивјаци, опш.Крушево. Гори млада високостеблеста дабова и букова шума, нискостеблеста шума, папрат и трње. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и ШС Липа од Крушево. Во текот на вчерашниот ден интервенирале и 2 авиони на ДЗС. Дел од пожарот накај манастирот е локализиран, а дел од пожарот е сеуште активен. На терен останале екипи од ТППЕ-Крушево кои ќе продолжат со интервенции во текот на денешниот ден 28.10.2019.

Пожарот во атар на с.Маргари во опш.Прилеп според последните информации е сеуште активен.

Пријавен е пожар на територија на Р.Грција и постои можност истиот да се префли во атар на с.Витолиште. Пожарот во моментот е активен само на територија на Р.Грција, а гори нискостеблеста шума. Ситуација се следи од ШС Црн Бор од Прилеп.

Во текот на вчерашниот ден, од 15:45 часот започнат е нов шумски пожар на место викано Стипта во атар на с.Градешница, опш.Новаци. Во гаснењето на пожарот интервенирала екипа на ТППЕ-Битола. Поради непристапноста на теренот гаснењето е отежнато.

GOLD
To Top