Новости

Регион

Ацо Тасевски назначен за секретар на Општина Могила

За нов секретар на Општина Могила од денеска е назначен Ацо Тасевски, кој досега ја извршуваше функцијата раководител на одделението за урбанизам, комунални работи и ЛЕР како и функцијата претседател на комисијата за проценка на имот во Општината.

Тасевски функцијата ја добива со одлука на градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска.

Ацо Тасевски по професија е дипломиран градежен инжењер. Во периодот од мај 1981 до декември 1997 година работел како градежен инжењер, проектант за статика и надзор во Заводот за урбанизам и проектирање во Битола. На функцијата раководител на Подрачната единица на Министерството за урбанизам и градежништво – Битола беше во периодот од јануари 1998 до јуни 2005 година. Од јули 2005 година до денес е на работа во Општина Могила.

GOLD
To Top