Новости

Регион

(Видео) Марко не се откажува од намерата, ќе се обиде повторно догодина

13-годишниот Марко Пејчиновски од Охрид не стигна до целта, но тој стана херој во очите на сите. Силната болка во ногата после скоро 5 часа пливање и испливани 12 километри го спречија во големиот подвиг. Но, неговата намера со хумана цел – да го скрене вниманието кон лицата со ретки болести, му успеа.

Тој се реши на предизвик на кој ни професионалните пливачи не би се решиле. Марко има силна желба и силна волја и токму тие ќе му дадат сила повторно да се обиде наредната година да се обиде да ги преплива 64-те километри.

Денеска на охридското пристаниште беше пречекан со оваа од присутните на настанот посветен на лицата со ретки болести.

Марко има доживеано инфаркт на коската на долните екстремитети, а минатата година исплива 30 километри од Свети Наум до Охрид. Со тоа влезе во историјата како најмлад пливач кој успеал да го оствари тој подвиг.

 

GOLD
To Top