(Видео) Силно невреме со град го зафати Ресен и околината

Преспанскиот регион, градот Ресен и околината попладнево беа зафатени од силно навреме проследено со обилен дожд и град.
„Во 15,05 часот околината на Ресен и атарите на селата: Евла, Долно и Горно Дупени беа зафатени со невреме проследено со врнежи од град кое што траеше околу 10 минути и зафати површина од околу 800 до 1000 Ха. Направена е штета од 80 до 100%. Исто така беа зафатени и атарите на с.Царев Двор и Дрмени и штетете се 10%“ информираат од Центарот за управување со кризи.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кусо информираат дека градот предизвикал големи штети врз насадите со јаболка, а дополниѕечно ќе се проценуваат и штетите врз други земјоделски култури.
Во наредните денови екипи ќе вршат проценка на штетите од навремето кое попладнево го зафати преспанскиот регион.
