Новости

Регион

Викендов три пожари во регионот

На 24.08.2019 во 20.35 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во населба Стрелиште, при што горела сува трева. Противпожарната единица од Битола го изгаснала пожарот.

Во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на место викано „Опаленик“ во с.Врбоец, при што горела сува трева и расадник во сопственост лице од Крушево. Од екипи на противпожарни единици од Крушево и Кривогаштани пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.
Во СВР Битола било пријавено дека во с.Девич, Македонски Брод, избувнал пожар во непристапен терен со нискостеблеста шума. Известена е протипожараната единица од Македонски Брод и се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

GOLD
To Top