Новости

Регион

„Водичарки” од село Беранци прогласени за нематеријално културно добро

Владата донесе одлука со која обичајот ”Водичарки” од с.Беранци, општина Могила се прогласени за нематеријално културно добро за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Селото Беранци, општина Могила, Битолско е едно од ретките населени места во Македонија, а можеби и единствено, каде што до денес “живо” се практикуваат обичаите и обредите за Водици и се предаваат од генерација на генерација. Главни носители на празникот (и за Машки и за Женски Водици) се Водичарките, женска група составена од непарен број на млади девојки. Облечени во празнична носија, со икони во рацете тие го обиколуваат селото и ги пеат водичарските песни во изворна форма како што пред нив ги пееле нивните баби, мајки, тетки…

GOLD
To Top