Новости

Регион

Во подметнат пожар изгореа 1500 бали со сено и слама на градоначалничката на Могила, Гулевска

На 05.08.2018 година во периодот од 00,00 до 01,20 часот избувнал пожар во нива, во атар на село Могила, под закуп на Ј.Г, информира МВР. Во пожарот биле опожарени околу 1500 бали со сено и слама. На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица Битола и пожарот бил локализиран. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Се работи за нива која е закупена од страна на семејството на градоначалничката на Могила  Јасмина Гулевска. Таа за настанот се огласи со соопштение

“На 05.08.2018 година во 01.00 часот после полноќ од непознати сторители беше со запаливо средство подметнат пожар со што беше запалена слама во сопственост на фамилија Гулевски со што е предизвикана материјална штета. Претходно, по завршувањето на локалните избори минатата година во месец декември беше подметнат пожар во кој што изгоре општинска слама која беше наменета за производство на пелети за огрев. И двата случаи се пријавени во Секторот за внатрешни работи од Битола, од кои очекуваме да ги пронајдат и санкционираат сторителите. Како градоначалник на Општина Могила, ги повикувам граѓаните на смиреност и да се воздржат на подгревање на тензиите, за да не дојде до ескалација на ситуацијата.  Ние како локална власт се трудиме да изградиме едно општество без поделби и дискриминација по било каква основа. Ги повикувам граѓаните на Општина Могила, сплотени, сите заедно да ги продолжиме перспективите на нашата општина. Само преку единство може да напредуваме, и да имаме заеднички успех”, се вели во соопштението.

GOLD
SN Finansii
To Top