Новости

Регион

Градоначалничката на Могила од утре ќе одржува состаноци во секое насeлено место

Општина Могила им соопштува на граѓаните на општината дека од 05.03.2019 година, градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска ќе одржува состаноци во секое насeлено место. Главни точки по кои ќе се разговара се клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, асфалтирање на улици и реконструкција на полски патишта, улично осветлување, проблеми од областа на сообраќајот и др.
За секој состанок со градоначалникот, известен ќе биде претседателот на месната заедница во секое населено место. Од општината очекуваат во голем број заеднички да разговараат за решенија на проблемите на граѓаните.

GOLD
To Top