Новости

Регион

Девојките го водат светот – над 90 млади од Македонија во кампот Глоу во Крушево

Младинската Асоцијација ИМКА Битола во соработка со Мировниот Корпус на Македонија и оваа година го организира Камп ГЛОУ (GLOW  – Girls Leading Our World). На кампот ќе земат учество 90 млади луѓе од Македонија поддржани од 30 волонтери и персонал. Кампот GLOW ќе се одржи во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево во периодот 21-28 јули 2018 год.

 

ГЛОУ – Девојките го водат светот е осумдневен, интеркултурен камп за девојки кој промовира лидерство, пријателство и самодоверба. Наставата вклучува граѓанска одговорност, животна средина, лидерство, студии за жените, младинска вработливост, уметничко изразување и рекреација. ГЛОУ цели кон оспособување на девојките да станат активни лидери во нивните заедници, рушење на културни бариери и промовирање волонтерство.

GOLD
To Top