Новости

Регион

Домашен притвор за 19-годишник кој подметнал пожар во село Врбоец

На 01.04.2019 од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода бил лишен Ѓ.Н.(19) од село Врбоец, крушевско, поради тоа што бил забележан како подметнува пожар околу 10.40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума. СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена.

GOLD
To Top