Новости

Регион

Започнува зимското издание на фестивалот When in Krusevo – Winter is here!

После незаборавните летни авантури, имаме чест и привилегија да Ви го претставиме првиот снежен outdoor настан во Крушево, When in Krusevo – Winter is here!

На наше огромно задоволство, Ве покануваме на уникатниот outdoorфестивал WheninKrusevo во зимски услови. Повелете на адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа облечена во снежно руво. Длабоко земете 100% чист воздух и уживајте во неописливите зимски пејзажи и  во погледите одкои ќе ви се одземе здивот.

Зимското издание на фестивалот, WheninKrusevo – Winter is here! ќе се одржи од 08.-10. Февруари 2019. Вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, можност за обука за скијање и санкање, зимски тандем параглајдинг, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава.

GOLD
To Top