Новости

Регион

Изгоре плевна во с.Вашарејца, општина Могила

На 30 септември околу 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во плевна, сопственост на Т.Д.(69) од с.Вашарејца, општина Могила. Во пожарот изорела кровната конструкција, поголема количина тутун и житни растенија, како и апарати за домаќинство. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При обид за гасење на пожарот, со повреди се здобил Т.Д. и бил пренесен во болницата во Битола. Увид бил извршен.

GOLD
To Top