Новости

Регион

Интерактив со донација за ОУ „Кочо Рацин” с. Ивањевци

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола претставувано од претседателот Мартин Николовски и Ана Трифуновска, донираа книги за учениците од ОУ „Кочо Рацин” с. Ивањевци.

“Ваквите донации на книги за училиштата од руралните средници ги започнуваме токму денес од ова училиште во село Ивањевци, а нашето здружение ќе продолжи и со други донации во училишта во рурални средини.” – изјави Мартин Николовски, претседател на здружението.

Ана Трифуновска, вели дека ваквите донации се значајни за збогатување на фондот на книги во библиотеките на училиштата во руралните средини.

“Како и учениците во градот, така и учениците и во руралните средини имаат право на библиотеки со богат фонд на книги, поради тоа Интерактив – Битола во наредниот период ќе се насочи токму кон овие средини каде што се надеваме дека ќе усреќиме голем број на дечиња.” – истакна Ана Трифуновска, Интерактив – Битола.

Директорката на училиштето, Весела Богдановиќ, со благодарност за донацијата.

“Би сакала да упатам голема благодарност до здружението Интерактив – Битола што денеска ни донираја книги во нашето училиште, а исто така имаа и можност да се запознаат и со нашите ученици. Воедно би сакала да истакнам дека ваквата донација претставува пример за нашите ученици и се надевам дека ќе влијае врз нив за и тие во иднина да донираат и бидат хумани. Исто така би ја искористила можноста да ги повикам и другите здруженија да се вклучат во оваа активност на здружението Интерактив – Битола и да донираат книги но и други наставни помагала за училиштата во руралните средини.” – изјави Весела Богдановиќ, директор на ОУ “Кочо Рацин” с. Ивањевци.

GOLD
To Top