Новости

Регион

Министерот Сугарески во работна посета на Општина Новаци

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов при работната посета на Општина Новаци направија увид реконструираниот патен правец  Битола -Новаци .
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Новаци-Битола, инвестиција од околу милион евра, обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Сугарески од Новаци  најави дека наредната година преку Министерството за транспорт и врски ќе има и нови проекти за локални патишта кои освен со општински средства ќе бидат поддржани и со средства од државниот буџет.
Министерот Сугарески, најави дека следната година на располагање на општините ќе бидат 170 милиони евра за инфраструктурни проекти и ги повика градоначалниците да аплицираат за искористување на овие средства.
“На општините ќе им помогнеме преку проект поддржан од Светска банка чиј износ е околу 70 милиони евра, а имаме и уште еден проект кој е поддржан од Европската инвестициска банка преку кој на општините на располагање ќе им бидат околу 50 милиони евра за изградба на локална инфраструктура. Имаме и дополнителни средства за општинска поддршка кои ги обезбеди Владата на Република Македонија или вкупно 170 милиони евра за комунална инфраструктура“, изјави Сугарески.

„Регионалот пат Битола-РЕК Битола во должина од 12 километри е изграден во рекордно време за само 2,5 месеци. Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба. Исто така , рехабилитирани се и 6,5 километри од патот Рапеш- Старавина , а се надевам дека во најбрзо врме ќе се обезбедат средства и за останатите 2-3 километри, за комплетно завршување на овој патен правец. За 2019 имаме за цел да се реновира патот Кременица-Скочивир, а се надевам дека ќе бидат обезбедени средства од буџетот за следната година”-истакна градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски.

Општина Новаци заврши два сериозни проекти а се работи на подготовка на идни проекти со кои ќе се аплицира за добивање пари за подобрување на локалната и комунална инфратсруктура.

GOLD
To Top