Новости

Регион

Нови проекти за локални патишта ќе бидат поддржани со средства од државниот буџет

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески заедно со директорот на ЈП Државни патишта денеска ја посетија општина Могила и остварија средба со градоначалничката Јасмина Гулевска, која ги информираше за тековните и идни проекти за развој на општината.

-Во изминатиот период во соработка со ЈП за државни патишта се рехабилитира и реконструира стариот регионалн пат, Битола – Прилеп, во должина од два километри во вредност од 10 милиони денари. Регионалниот пат е огромно значење за повеќе населени места, а значи и поврзување на повеќе општини, изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

-Овој дел што е рехабилитиран наредната година ќе го завршиме од Вашарејца до Битола. Ми беше укажано на проблемот на ставање на уште една клучка, ќе биде направено но ќе дојдат стручни екипи да видат како ќе се направи тоа, рече Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

Наредната година преку Министерството за транспорт и врски ќе има и нови проекти за локални патишта кои освен со општински средства ќе бидат поддржани и со средства од државниот буџет, најави Сугаревски.

-На општините ќе им помогнеме преку проект поддржан од Светска банка чиј износ е околу 70 милиони евра, а имаме и уште еден проект кој е поддржан од Европска инвестициска банка преку кој на општините на расплагање ќе им бидат околу 50 милиони евра за изградба на локална инфраструктура. Имаме и дополнителни средства за општинска поддршка кои ги обезбеди Владата на Република Македонија или вкупно 170 милиони евра за комунална инфраструктура. Очекувам и апелирам до општините да подготвуваат проекти, а потоа и да аплицираат, истакна министерот Сугаревски за време на посетата на општина Могила.

Министерот Сугарески и директорот Китанов заедно со градоначалникот на НОваци, Љубе Кузманоски денеска беа во посета и на реконструираниот патен правец кој ги поврзува Битола и Новаци.

GOLD
To Top