Новости

Регион

Општина Новаци денеска го прослави Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица

Општина Новаци традиционално на 21 Септември го одбележува и слави големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица или уште како што се нарекува Мала Богородица.

Мала Богородица е еден од големите празници на Светата Православна црква и секогаш се слави на 21 септември. Во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица, кој се наоѓа во близина на с.Новаци секоја година се организира прослава на која доаѓаат илјадници верници од цела држава да го прослават Рождеството на мајката над сите мајки.

„И оваа година традицијата е запазена. Со вечерна и утрена богослужба, света божествена литургија и голем народен собир со богата културно уметничка програма празникот е достојно одбележан,Среќата да биде кум оваа година ја имаше Пеце Талевски“, истакнaa од манастирскиот одбор .

Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски заедно со своите сограѓани и многубројни гости го прослави овој голем христијански празник, важен за Општина Новаци .

„Ја продолжуваме традицијата на чествување на големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица . На 21 Септември Дворот на Манастирот Рождество на Пресвета Богородица е претесен за големиот број христијански верници кои доаѓаат од сегаде да го одбележат Рождеството на Мајката над сите мајки .Локалната самоуправа секоја година го помага манастирот во делот на подготовките околу големиот настан како и финансиски и е во постојана координација со манастирскиот одбор. Воедно, им го честитам овој голем празник на сите христијански верници им посакувам пријатен празничен ден , здравје , мир и благосостојба во секој дом .Нека милоста на Божјата Мајка биде со сите нас и не чува од секакво зло”, истакна градоначалникот Кузманоски.

GOLD
GoldSlot
To Top