Новости

Регион

Општина Новаци ќе додели по пет илјади денари на семејствата чие дете е запишано во прво одделение

Советот на Општина Новаци донесе одлука за доделување паричен надоместок во учебната година во висина 5.000 денари на семејствата чие дете е запишано во прво одделение.

Од Општина Новаци информираат дека секое прваче кое ќе се запише во основното училиште „Славко Лумбарковски” и подрачните училишта во општината, за учебната 2019/2020 година ќе добие паричен надоместок со цел да се придонесе за намалување на давачките на родителите за училишен прибор.

– За реализација на одлуката потребно е сите родители да поднесат барање за паричен надоместок за запишано прваче во учебната 2019/2020 годнина, да приложат потврда од училиштето за извршен упис во прво одделение и друга документација за која не се потребни дополнителни трошоци, нагласуваат од тамошната локална самоуправа каде денескa почна новата учебна година.

GOLD
To Top