Новости

Регион

По 14ти пат младински лидерски камп (Young men’s leadership project)

Младинската Асоцијација ИМКА во соработка со Мировниот Корпус и оваа година го организира Младинскиот Лидерски Камп (Young Men’s Leadership Project). На кампот учествуваат 52 средношколци од Македонија поддржани од 36 волонтери и персонал. Кампот се одржува во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево во периодот 14-21 јули 2019.

Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и личен развој. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

Мисијата на ИМКА и на овие кампови е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите. Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукација на отворено.

 

GOLD
To Top