Новости

Регион

Ресенчанец измамил лице од Турција за откуп на јаболка

Б.М. од Република Турција на 7 јануари пријавил во СВР Битола дека бил измамен од У.А. од Ресен за сума од 10.000 долари, кои ги дал за транспорт на јаболка.

Според пријавата, Б.М. преку Фејсбук стапил во контакт со У.А., бидејќи сакал од овде да увезе јаболка во Турција. Тие оствариле средба во земјава и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот.

– Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје од која У.А. ги подигнал парите. Како што пријавил Б.М., У.А. потоа ги исклучил фејсбук-профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top