Новости

Регион

Се асфалтира патниот правец од Скочивир до река Коњарка

По завршувањето на подготвителните активности на теренот, механизацијата на ЈП Македонија Пат започна со активностите за асфалтирање на патниот правец од с.Скочивир до река Коњарка (Излетничко место на река Коњарка ) во должина од 3 км.
Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ во соработка со општина Новаци.
Жителите од овој регион добиваат пристапен патен правец со што ќе се рефлектира на зголемување на квалитетот на живот и збогатување на туристичката понуда особено за Излетничкото место на река Коњарка.

„Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај. Не само што го зголемуваме квалитетот на живот на локалното население градејќи инфраструктура за сите, ја зголемуваме и туристичката понуда за овој крај кој располага со бројни културно -историски споменици кои датираат од Првата светска војна олеснувајќи го пристапот до нив. Отсега за љубителите на убавата природа , рекреацијата и одморот на излетничкото место на река Коњарка ќе биде подостапно”, истакна градоначалникот Кузманоски.

GOLD
To Top