Новости

Регион

Со прегорено масло уништена фасадата на училиштето во Беранци

Со прегорено масло синоќа е испрскана зградата на ПОУ “Кочо Рацин” во село Беранци, Општина Могила.

Училиштето во 2015 година беше комплетно реконструирано во рамките на заеднички проект помеѓу општина Могила и Владата на Република Бугарија. За санирање на училиштето кое беше оштетено од поплавите кои ја зафатија Могила, преку бугарскиот генерален конзулат во Македонија искористени се средства во вкупна вредност од 1.300.000 денари.

GOLD
To Top