Новости

Регион

Танцов хепенинг со ТСК „Expose“ во Новаци

Повеќе од 60 деца професионални танчери од Танцов Спортски Клуб „Expose“ од Битола настапија со свој незаборавен танцов хепенинг во рамките на Културно-забавно Лето Новаци 2018.

Присутните гости ги воодушевија со најразлични танци и кореографии од светски познати танци. Од најразлични возрасти со поединечни и групни изведби во дворот на општината го изведоа танцовиот хепенинг “Експоуз танцува и Новаци танцува”

Танцовиот клуб Експоуз од Битола е претпознатлив танцов клуб и на домашна и на меѓународна сцена со многубројни признанија , награди и освоени златни медали .
GOLD
To Top