Новости

Регион

Традиционални Василичарски огнови низ општина Новаци

Православните христијани денеска ја слават Василица .Народот ја слави како Стара Нова  година во чест на светецот Василиј, но и како обрежување на Исус Хистос. Во секое маало граѓаните со големи огнови  кои се симбол на божествената светлина  ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година.

Бројни маала низ општина Новаци  синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение, со греана ракија, вино и скара се прослaви Стара Нова година и Василица.

Градоначалникот Љубе Кузманоски  ја прослави Василица  со своите сограѓани . Ги посети големите  маалски василичарски огнови  од каде испрати порака  да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат  на идните поколенија.

-Овие празници како дел од нашата традиција  ни даваат можност  да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност  си и белег на нашето постоење. Ова зедништво  ги зајакнува меѓусебните  врски во нашата локална заедница. Дружењето со соседите  , пријателите, блискоста меѓу младите дава посебно чувство на среќа , задоволство и исполнетост. Да си подаваме рака, да се помируваме, да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие. На сите граѓани на општина Новаци  и на сите православни верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби за здравје , среќа и бериќет, истакна градоначалникот Кузманоски.

GOLD
To Top