Новости

Регион

Утре од Новаци стартува џип турнејата „Битката на Добро Поле“

На 15 септември 2018 година во 8:00 часот од пред зградата на Општина Новаци стартува еднодневната џип екскурзија – Битката на Добро Поле – 15.09.1918/2018 – 100 години од пробојот на Македонскиот фронт.

На настанот ќе земат учество 60 гости од Македонија, Франција и Србија, кои со теренски возила ќе ја посетат месноста Добро Поле, каде на 15 септември 1918 година се случила една од поважните битки во Првата светска војна.

GOLD
To Top