Новости

Регион

(Фото) Во Новаци започна меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матически“

На повеќенаменското игралиште во Новаци започна меморијалниот турнир во мал фудбал “Пеце Матически“, кој 6-та година се одржува во чест и сеќавање на загинатиот бранител и херој Пеце Матичевски кој е по потекло од Новаци.

Основач на Меморијалниот турнир е Николче Јовановски, кој својата идеа ја преточи во еден настан кој премина во традиција веке 6 години и успешно се организира со помош на соработникот Марјан Котевски.

Генерален покровител е Општина Новаци, а во пресрет како и секоја година излегоја Спортските Обложувалници Евротип кои финансиски го поткрепија турнирот и донираја дресови, Голд Слот Клубовите, Гермина и Анаис.

Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски, го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“ кој во наредните 20-тина дена ќе се одржува на теренот во Новаци.

Големо е делото на овој наш херој кој го даде животот за татковината, но уште е поголема нашата чест достоинствено да го зачуваме од незаборав неговиот лик. Веќе овој турнир станува традиционален и како локална самоуправа даваме силна поддршка не само за овој спортски настан, а на сите учесници им посакувам среќа и фер игра во која најдобрата екипа ќе победи, рече на отворањето градоначалникот Кузманоски.

Првата година турнирот започна со 16 екипи, а оваа година на турнирот учествуваат 30 екипи поделени во 8 групи, кои платија котизацијата за учество по 4.000 денари, а парите кои ќе се користат за организација и за наградите кои ќе се доделат на победничките екипи.

Екипи кои учествуваат на турнирот се:
Исм Пеце Матичевски, ФК Евротип Спортски Обложувалници, Златна Трпеза, Рек, Добри Вибрации, Ред Бул, Фаланга, Пицерија Уно Прилеп, Портал Корзо, ФК Нена Фрут, Снек Бар Читална, Сервис Пока, Никс, Џем турс, Бск Бистрица, Теа Андреа, ФК Кравари, Будаково Црнагора, Типсо Европа, Дафи Маџармаале, Сабина, Блек Маус, Начко, Плин Монт, Бучин, Здг Валентин Стефановски, Милениум Травел, Јанг Бојс, Општина Могила.

GOLD
To Top