Новости

Регион

Фото: Кајмакчалан 16.09.2018

Денеска на Кајмакчалан продолжи одбележувањето на 100 години од пробивот на Македонскиот фронт.

Фото: Агим Џело

За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт, познати како солунски. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби[3] на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија. Во спомен на овој настан, на црквата „Св. Илија“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар I Караѓорѓевиќ.

GOLD
To Top