Новости

Регион

Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Новаци

Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија , Кристијан Тимоние денеска оствари посета на општина Новаци при што се сретна со градоначалникот Љубе Кузманоски. На средбата разговараа за досегашната соработка но и чекорите и активностите за нејзино продолжување.

„ Ова е наша прва средба, денеска ќе се запознаеме меѓусебно , но и ќе разговараме за досегашните проекти на општина Новаци а секако и ќе го информираме за нашите активности во следниот период кои се однесуваат на соработката со АЛДА и општина  Коломбел, Франција“ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Амбасадорот Тимоние му се заблагодари на Кузманоски за топлото гостопримство .

„Tука имам спомени кои ми лежат на срце затоа што мојот чичко беше на овој фронт и беше уметник на фрацуската армија. Сметам дека македонскиот фронт е место каде има удел и мојата фамилија. Во војната страдале не само војници туку и цивили и затоа е направен музејот кој е изграден во Битола и наскоро ќе биде пуштен. Денеска сум тука за да се сретниме со градоначалникот  по повод настаните околу одбележувањето на  100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна со цел да ја договориме понатамошната соработка. Збратимувањето на двете општини Коломбел и Новаци значи збратимување  на две опшини  и на два пријателски народа . По повод 100 години од завршувањето на  прва светска војна планирааме  да  направиме  туристика рута од Солун до Белград за француските туристи да се запознаат со овој регон и историјата.“ рече Кристијан Тимоние, амбасадорот на Република Франција во Република Македонија.

На средбата градоначалникот Кузманоски го информираше амбасадорот дека општина Новаци по повод оваа голема годишнина  панира да ја поддржи организацијата на офф роус џип тура до Добро поле на 15 ти септември кога беше направен пробојот на Добро Поле и изградба на спомен плоча  и спомен соба во с. Брод .

GOLD
To Top