Новости

Регион

Христијан Стојановски го фати крстот во Новаци

Традиционално со фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Главната церемонија се одржа во црквата СВ Атанасиј Велики во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.

Од шестнаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст оваа година најсреќен беше Христијан Стојановски кој за прв пат го извади светиот крст .
Градоначалникот Љубе Кузманоски на среќниот наоѓач од името на општината му додели вредносен ваучер.

Општината обезбеди парични награди за сите среќни наоѓачи на светиот крст во сите 16-ет населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.
На светиот чин на фрлање на крстот во населените места с. Добромири и во с.Рибарци присуствуваше претседателот на Совет на општина Новаци Наумче Смилевски кој му ги врачи вредносните ваучери на среќните наоѓачи на светиот крст.

Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици .

GOLD
To Top