Новости

Регион

Шеснаесет нови проекти за развој на Пелагонискиот плански регион

Во пелагонискиот регион ќе се реализираат повеќе проекти за развој на Пелагонискиот плански регион, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.

– Годинава со 35 милиони денари од буџетот на државата се финансиират 16 нови проекти во општините во Пелагонискиот плански регион. Тенденција на Владата е средствата за оваа програма секоја година да се зголемуваат и да се реализираат проекти кои што ќе имаат директно влијание на подобрувањето на условите за живеење, особено во малите и рурални општини, истакна заменикот министер Павлески, кој што во селата Могила, Пашино Рувци и Гермијан на лице место се интересираше за изведбата на проектите за регулирање на коритото на Црна Река и на нејзините притоки, рекострукцијата на патната инфраструктура и поврзување со регионалниот пат од Пашино Рувце, како и реконструкција на локална патна мрежа во село Гермијан.

Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој оваа година за општините Крушево и Демир Хисар се набавени возила за собирање на отпад, во Битола, во Прилеп и во Ресен се зајакнати капацитетите на територијалните противпожарни единици, а се работи и на подобрување на социјалните услуги во општина Долнени, село Ропотово, каде што за таа намена целосно се реновираат и опремуваат административни простории.

Заменикот министер Павлески ја истакна и можноста за користење средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција.

– За проекти за прекугранична соработка со Грција од страна на Европската Унија на располагање се 45,5 милиони евра, а Центарот за развој на
Пелагонискиот плански регион веќе го реализира Проектот за рурално претприемништво во вкупна вредност од 950 000 евра, финансиран од ИПА Програмата на Европската Унија Балкан Медитеран, рече Павлески.

GOLD
To Top