Новости

Регион

Штабот за заштита и спасување на општина Могила одржа состанок за најавеното невреме и поројните дождови

Поради најавата од УХМР за евентуалното невреме и поројните дождови во наредните денови, на ден 12.05.2019 година во 11:30 часот, Градоначалникот на општина Могила – Јасмина Гулевска во просториите на општина Могила го свика штабот за заштита и спасување на општина Могила. При тоа од штабот беа донесени следните заклучоци:
1.Да се подготви Соопшение до јавноста и да се информира населението за очекуваните обилни врнежи од дожд.
2. ОПШТИНА МОГИЛА и ЈКП ПЕЛА ХИГИЕНА- МОГИЛА да ги мобилизираат сите свои расположливи човечки и материјално технички ресурси, и истите да бидат во постојана приправност во периодот кој е детектиран како потенцијално критичен.
3. Да се направи координација со сите фирми кои делуваат на територијата на општина Могила и истите својата расположлива градежна механизација да ја стават во функција на општината и општинскиот Кризен Штаб, доколку се појави потреба од таков ангажман;
4. Да се известат сите претседатели на месни организации во општина Могила се со цел превземање на превентирни мерки за навремено интервенирање, како би се спречило евентуално излевање на реките, суводолиците и акумулациите.
5. Постојано следење на нивото на водата во Црна Река и реката Шемница и детектирање на критичните места за да се спречи евентуално излевање.
НАПОМЕНА:

Се замолуваат сите граѓани на општина Могила да ги почитуваат заклучоците и препораките од Кризниот Штаб, особено во делот на обезбедување на слободно движење на возилата кои ќе бидат ангажирани заради превенција или евекуација. При евентуална природна непогода, да се овозможи слободен и непречен проток на возилата и механизацијата ангажирани од Кризниот Штаб. Во случај на поплави, да се намали човечко присуство покрај речните сливови на Црна Река и реката Шемница и останатите критични места од поројни дотеци . Да се избегнува непотребното излегување во природа и задржување на отворен простор.

Доколку се појават определени загрозени зони и поплавени подрачја, граѓаните се молат за смиреност, присебност и помош од стручните екипи со насоки за правовремена евакуација и постапки за својата лична безбедност и сигурност.

Сите информации за и околу моменталната состојба и потребата од помош може да се побара на бесплатните телефонски броеви 192 и 193.

GOLD
To Top