Новости

Регион

(Видео) Василичарите во Вевчани се судрија со полицијата

Вевчанци и годинава се обидоа да останат доследни на традицијата и покрај забраните за групирање. И покрај тоа што вевчанци се обидоа да го направат дефилето, полицијата ги спречи и го растури карневалот.

Припадниците на МВР интервенирале бидејќи не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот, ниту забраната за групирање на повеќе од четири лица. Од МВР сметаат дека со прекршувањето на овие мерки, се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобалната пандемија, како што беше наведено во соопштението на полицијата.

Инаку Општина Вевчани објави дека се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага прославата на Свети Василиј.

GOLD
To Top