Новости

Регион

Денеска 4 нови случаи на Ковид 19 во Битола, 15 во Прилеп – еве каква е состојбата во регионот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19. Бројките во регионот се следни: во Битола регистрирани се 4, во Прилеп  15, во, Ресен 3, Демир Хисар 1,  Крушево 4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од нив 12  се во Прилеп, 11 во Битола.

Починати се 15 лица на ниво на цела држава, еден е од Прилеп(69 г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89817, бројката на оздравени пациенти е 75387, на починати е 2754, а бројот на активни случаи изнесува 11676. Од вчера се евидентираат два контролни тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата во градовите во регионот е следна:

• Прилеп 4497, активни 269
• Битола 3178, активни 219
• Ресен 715, активни 116
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 239, активни 14
• Крушево 196, активни 37

Направените 1906 теста се преку: ИЈЗ-468, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-183, Биотек-134, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-83, Систина со PCR метода -166, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -504, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид -19.

Евротип
Евротип
To Top