Новости

Регион

Жителите на општините Битола, Новаци и Могила имаат можност да се попишат во Општина Битола

Во пописниот реон 20, во општините Битола, Новаци и Могила, во тек се завршните активности и попишувања на граѓаните кои се жители на овие општини. Од утре, од 8 до 20 часот, граѓаните кои не го оствариле своето законско право, поради тоа што не биле во своите домови при посетата од попишувачите, тоа ќе можат да го направат во канцеларијата на пописниот реон 20 во новата сала на Советот на Општина Битола на ул.Булевар 1ви Мај бр.61. Телефонскиот број за контакт со пописната комисија е 075276982. Целта на ваквата можност е никој да не биде пропуштен во пописот.
Пописот треба да заврши на 30 септември, а добиените податоци, во иднина ќе помогнат за долгорочно планирање на политиките и проектите од интерес на државата и граѓаните.

Евротип
Евротип
To Top