Новости

Регион

Кузмановски и Гошаревски кандидати за градоначалници – во трка по втор мандат

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев синоќа објави 30 имиња кандидати за градоначалници. Синоќа не беше соопштено име за кандидат за Битола и Прилеп, но беа потврдени актуелните градоначалници на Ресен, Новаци и Кришево дека ќе се борат за уште еден мандат.

За Битола името на кандидатот се очекува да биде соопштено во август.

До СДСМ беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање, но и во постапките во рамки на партијата.

Големиот интерес е доказ дека вистинските политики на СДСМ и работата за граѓаните е препознаена, и уште еден показател дека навистина сме фаворити на локалните избори.

По спроведените испитувања на јавното мислење, на мислењето на граѓаните, анализите и истражувањата, консултациите со нашето членството, целосно се завршени и со одлука на раководството дефинирани се првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

1. Перо Костадинов – Валандово
2. Меликије Халими – Арачиново
3. Благојчо Шапов – Богданци
4. Зоран Зимбаков – Босилово
5. Велимир Смилевски – Бутел
6. Маријан Јанев – Василево
7. Сашо Јанковски – Вевчани
8. Ивица Димитров – Виница
9. Роберт Бешовски – Градско
10. Горан Трајковски – Делчево
11. Лазар Петров – Демир Капија
12. Анго Ангов – Дојран
13. Борче Гиевски – Зелениково
14. Јордан Насев – Карбинци
15. Филип Темелковски – Кисела Вода
16. Благојчо Илиев – Конче
17. Томе Христовски – Крушево
18. Аце Велковски – Лозово
19. Медат Куртоски -Маврово-Ростуше
20. Љубе Кузмановски – Новаци
21. Константин Георгиевски – Охрид
22. Елизабета Зелениковска – Петровец
23. Славчо Пандурски – Пехчево
24. Драган Анастасов – Пробиштип
25. Живко Гошаревски – Ресен
26. Стојан Николов – Росоман
27. Жаклина Јовановска- Старо Нагоричане
28. Горан Стојановски – Чашка
29. Сашко Николов -Штип
30. Петре Шилегов – Скопје

Евротип
Евротип
To Top