Новости

Регион

Невреме ја погоди Пелагонија, паѓаше град со големина на орев

Силно невреме со град вчера попладне го погоди пелагонискиот регион во земјава.

Повеќе граѓани објавија дека град со големина на орев паѓал во Битола, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.

Во Битола, вториот по големина град, дожд од само петнаесет минути ги поплавил улиците, гаражите и подрумите.

Критично со поплавените улици беше во битолскиот Баир, кои од надојдената вода беа непроодни за сообраќај.

Котлината Пелагонија е најголемото земјоделско подрачје во земјава.

Евротип
Евротип
To Top