Новости

Регион

Прв случај на Ковид 19 во Ресен

Денеска е регистриран првиот случај на Ковид 19 во Ресен. По тој повод се огласи градоначалникот Гошаревски.

„Ресен од почетокот на пандемијата го бележи првиот случај , позитивен на Ковид -19.
Во теков на денешниов ден на терен се присутни тимови од центарот за јавно здравје , кои спроведуваат епидемиолошко истражување за сите кои биле во контакт со лицето , за кое резултатот е позитивен.
Повикав итна седница на кризен штаб, за која дополнително ќе бидете известени за сите мерки и активности.
Место за паника нема. Препораките остануваат исти, мерките остануваат исти . Одржување на дистанца, носење заштитни маски, редовна хигиена, само на ваков начин ќе го победиме овој невидлив непријател .
И општина Ресен, и јас како градоначалник, но и Вие како одговорни граѓани, мора сите заеднички да дадеме се од себе за што побрзо исчезнување на невидливиот непријател од нашата општина.“

GOLD
To Top